Секој знае дека ако видите испакнатина или бемка која е невообичаена по боја и големина, би требало да ја проверите. Важно е да се проверат овие канцерогени ткива пред да се претворат во нешто смртоносно. Но, дали некогаш сте слушнале на некого да му најдат канцерогено ткиво во ноктите?

Па, може да се случи… Исто како што ракот може да ја зафати кожата, може да ја зафати и кожата под вашите нокти, што вообичаено се манифестира како темно обоена линија која постепено станува сѐ потемна и сѐ поголема.

Според специјалистот за нокти, д-р Дејна Стерн, канцерогеното ткиво го зафаќа коренот на ноктите.

nk01

Чудните линии не секогаш се знак на рак, бидејќи повеќето белези на ноктите вообичаено се резултат на недостаток на витамини и минерали, но ако забележите вакво нешто, задолжително прегледајте се.

nk02

Д-р Стерн вели дека од овој невообичаен вид на рак најчесто заболуваат палецот, показалецот и ножниот палец.

nk03

Погледнете го ова видео за повеќе информации:

Сподели на Facebook
пати видено