Панкер со огромна четка фризура, сина во корените, зелена во средината, а на врвовите црвена, седнува до старец на автобуска станица. Дедото не престанува да го гледа панкерот и како да сака да му каже нешто.
– Шо глеаш бе некролог, ти не ли си праел вакви нешта ко млад?! – Прашал особено нервозно панкерот.
– Сум правел, сум правел, ехеее… Еднаш толку многу се напив што силував еден папагал… па се прашував да не си ми син…

Сподели на Facebook
пати видено