Ова е моментот кога и дојде преку глава и реши да употреби еден малку постар но ефикасен начин на воспитување.

Мери А. Хејстингс, наставничка од Тексас, САД била уапсена откако се појави оваа видео снимка на интернет. На снимката се слуша како 63-годишната наставничка му вели: „…бидејќи го спречуваш да матурира, ти идиоту…“ по што ја исмева неговата реакција. Нејасно е што е тоа што го предизвикало насилството кон ученикот.

Хејстинг, наставничка по математика која во изминатите три години рабоела во средно училиште во Бомонт, Тексас, била уапсена поради напад, по што била пуштена со кауција од 2500 долари и била суспендирана од училиштето.

„Училиштето не оправдува злоставување на дете од страна на вработените и нема да толерира такво однесување. Наставничката веднаш беше отстранета од работното место и претстои прекин на нејзиниот договор“, велат од училиштето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено