Србија е позната по комичните сцени во руралните предели кои често се вклучени и во некои култни филмови. Една таква траги-комична сцена се случила во Смедерево, кога локалниот поп, Ненад, толку се напил ракија што не можел да го спроведе погребот, а селаните го качиле на тракторот, заедно со ковчегот на покојникот, најверојатно со надеж дека ќе го отрезнат на гробиштата.

Бидејќи бил премногу пијан, тракторот бил корисен како средство за транспорт, а покојникот бил во ковчегот веднаш до него. Според информациите тие се возеле вака сè до локалните гробишта. „Добрата вест“ е дека со помош на локалните селани, тој е почувствувал доволно трезен за да продолжи со погребот.

Сподели на Facebook
пати видено