21-годишната Грејс Фленери од Синсинати, Охајо, долго време посакувала да си го оставри својот сон и да го работи она што го сака.

Девојката со Даунов синдорм едноставно знаела дека еден ден она што го посакува ќе ѝ се реализира и така и се случило.

Грејс отсекогаш сакала да работи како поштар и поминала еден ден на тоа работно место во Поштенската служба на САД, благодарение на добрите луѓе во поштата на Вествуд. Девојката добила униформа и заедно со поштарот Мелиса Тилтон тргнале во „мисија“ да ги разнесат сите писма и пратки.

„Ќе го кажам моето име, ќе се ракувам со нив и ќе ги гледам директно во очите.“, вели возбудената Грејс. Нејзината „менторка“ Мелиса вели дека била воодушевена штом слушнала дека Грејс толку многу ја сака оваа работа и веднаш прифатила да работи заедно со неа.

За време на нивната заедничка смена, Грејс и Мелиса сортирале и пакувале пошта, која потоа ја внеле на камион за пошта. Потоа се упатиле да испорачаат разни писма и пакети. Со своето големо внимание на деталите и позитивниот став кон работата, Грејс се покажала како апсолутен талент и Мелиса била импресионирана од тоа како ѝ пристапила на работата.

Грејс, покажала доверба кога се сретнала со членовите на јавноста и спротивно на популарните стереотипи за вработените во пошта дури и се спријателила со куче за време на нејзината рута.

Посветена Грејс веќе има поштенски торби полни со искуство во полето за пошта, откако разнесувала весник додека била во средно училиште. Таа исто така има завршено стажирање во Детската болница, што вклучувало испорака на пакети на 32 одделенија во пет одделни згради. Браво за упорната Грејс!

Сподели на Facebook
пати видено