Мет Кобринк има Даунов синдром и тој никогаш не се разделил од својот 88-годишен татко Малколм. Но, пред неколку дена Мет заминал од Њујорк со авион во Лос Анџелес за да се запознае со неговиот омилен бејзбол играч, Арон Џаџ. Сепак оваа патување значело дека 53-годишниот Мет ќе треба да се раздели од татку му скоро една недела, за прв пат по 25 години, откако неговата мајка починала.

Сестрата на Мет, Марси знаела колку му недостигал Малколм и решила да го сними овој момент, и таа била во право. Мет не може да се воздржи и го описипува татка си со бакнежи и прегратки. Марси вели дека нејзиниот брат секогаш е весел и насмеан и дека внесува љубов и среќа во животите на луѓето кои ќе го запознаат.

Исто така Марси вели откако видеото станало вирално добила многу фотографии од родители кои имаат деца со Даунов синдром кои покажуваат дека и тие ја чувствуваат истата силна љубов која што ја пружа и Мет.

Сподели на Facebook
пати видено