Случаен минувач го фатил моментот во кој полицаецот Џошуа Фиорели теши повредено куче. Карлос Иризиј го шетал своето куче долж улицата и го забележал Џошуа како го гали и покрива со својата јакна повреденото куче на тревата.

Полицаецот ја повикал службата на животни, но одлучил да почека заедно со кучето бидејќи било само и мокро и сакал да го стопли со јакната.

Џошуа не знаел дека го фотографирале и дека до тој степен фотографијата ќе се прошири на социјалните мрежи и тој ќе допре до срцата на љубителите на животни. Кучето сега се опоравува во засолништето на животните на Osceola округот и вработените велат дека е многу среќно кога некој ќе сака да го чешка.

Бидејќи е откриено дека кучето има сопственик полицаецот Џошуа упатил совет до сопственикот и останатите сопственици да им вградуваат чипови на своите миленици за да знаат каде се движат.

Сподели на Facebook
пати видено