8-годишно момче го разнежи светот со неговиот неверојатно несебичен гест кога решил да го утеши аутистичниот соученик, кој сега му е добар пријател, на првиот училишен ден во Канзас, САД.

Кристијан Мур бил фотографирам како ја држи раката на 8-годишниот Конор Критис за време на првиот ден во второ одделение.

Конор има аутизам и затоа некои работи се потешки за него, но Крис очигледно го сфаќа тоа и решил да му помогне. Тој го видел Конор како стои во ќошот и не може да влезе во училиштето, затоа го фатил за рака, чекал додека да ѕвони и го однел до училницата.

Малиот Конор потоа изјавил: „Тој беше љубезен кон мене. Почнав да плачам, а тој ми помогна. И, јас бев среќен. Тој ме најде и ме фати за рака.“

Кристијан доби пофалби од луѓето од целиот свет, но најзначајни беа пофалбите и мајката и бабата на Конор, кои веднаш се заблагодариле на мајката на Крис затоа што воспитала такво прекрасно дете.

Кристијан е вистински пример за чисто срце и емпатија, сигурни сме дека еден ден ќе биде добар човек, како што е денес прекрасно момче.

Сподели на Facebook
пати видено