72-годишната Дајана е фатена на камера од случаен минувач како им помага на двајца бездомници во Портсмут, Англија. Откако видеото било објавено и нејизната ќерка го видела сфатила дека мајка ѝ се искрадува од куќата без да им каже за да го прави ова хумано дело.

Старицата подготвила топла супа и се движела низ кварот делејќи им ја на бездомниците, на студеното време. Иако таа вечер температурата била околу 3 степени Целзиусови, старицата одвила време и да поразговара со бездомниците кои ѝ се заблагодарувале. Жената често им дели топли оброци на луѓето и не дозволува годините да ја спречат во тоа.

Сподели на Facebook
пати видено