Во август 2014 година, светот изгуби неверојатен талент кога почина Робин Вилијамс.

Неговата ќерка Зелда го кажа најдобро во пресрет на неговата смрт: „Светот засекогаш ќе е малку потемен, помалку шарен и помалку полн со смеа во негово отсуство“.

Со неговата смисла за хумор и талент за комедии Робин засекогаш ќе остане во срцата на луѓето без разлика колку време ќе помине. Во 2018 година, Бизнис Инсајдер го прогласи за најсмешно лице на сите времиња. Улогата што е навистина синоним за неговото име е „Госпоѓа Даутфаер“, филм кој секој од нас го гледал најмалку еднаш.

За оние кои подзаборавиле филмот ја раскажува приказната за Даниел Хилард (Вилијамс), актер кој се маскира како постара, дадилка, за да поминува време со своите деца, кои се во старателство на неговата поранешна сопруга. Ова е прекрасна семејна приказна исполнета со смешни, но и тажни моменти кои допираат директно до срцето.

Во чест на петтата годишнина од смртта на Вилијамс, две избришани сцени од филмот се појавија на интернет. И двете се сведоштва за неверојатниот талент на Вилијамс и начинот на кој знаеше да ги пренесе емоциите.

Тој има кажано многу мудри зборови, но еве еден цитат од него: „Мислам дека најтажните луѓе секогаш се трудат да ги направат среќни луѓето. Затоа што тие знаат како да е се чувствуваат апсолутно безвредно и не сакаат никој друг да се чувствува така.“

А еве и уште еден: „Искористете го денот. Затоа што, верувале или не, секој од нас во оваа просторија еден ден ќе престане да дише.“

Сподели на Facebook
пати видено