Честа, должност и срам се трите особини кои се длабоко вкоренети во јапонската култура и така останало со векови. Помислете на самурајски воин кој ја губи честа. Тој може да си ја поврати само доколку си го одземе животот, на прилично брутален начин, со извршување на харакири. Таквото дело се сметало за херојски начин на умрање, дозволувајќи му на воинот да ги отстрани сите траги од срам што биле поврзани со неговото име.

Масабуми Хосоно бил единствениот патник од Јапонија на Титаник и тој успеал да ја преживее несреќата. Тој бил вработен во Министерството за транспорт во Јапонија и пристигнал во Англија за да проучи како функционираат нивните железници. Масабуми купил билет за втора класа во познатиот Титаник и планирал да се врати дома.

Кога бродот почнал да тоне Масабуми напишал писмо до неговата сопруга во кое го опишал неговиот страв од смрта и колку се плаши да не остави некој срам како Јапонец. Но, тој не се откажувал и како и сите други барал излез, за да си го спаси животот. Тогаш во еден момент човекот задолжен за бродовите за спасување кажал дека има уште две слободни места и Масабуми забележал како еден човек скокнал во бродот а веднаш по него скокнал и тој.

Кога пристигнале во Њујорк на почетокот не му се обрнувало големо внимание на Масабуми. Но, кога стигнал во Јапонија во весниците пишувало за него како „среќното јапонско момче“. Тој давал изјави, интервјуа и неговите фотографии кружеле по весниците. Позитивноста на приказната исчезнува откако еден патик од првата класа од САД кој исто така ја преживеал несреќата, по име Арчибалд Гејси, го оцрнил велејќи дека тој го заземал местото на други луѓе и не постапил како господин и дека поради него многу луѓе починале во ладниот океан.

Иако тврдењето на Арчибалд е нелогично сепак властите во Јапонија ова обвинување го сфатиле сериозно и Масабуми бил отпуштен од министерството а врз неговото семејство паднал најголемиот камен, срамот. Сите тврделе дека тоа што го сторил не било етички и така било срам за Јапонија. По неколку години Масабуми повторно бил вработен во министерството бидејќи сметале дека бил вреден работник, но срамот уште го прател смејството.

Дури и по неговата смрт во 1939 година неговото семејство уште е под притисок дека Масабуми го посрамотил презимето. Затоа неговиот внук го објавил емотивното писмо кои што дедо му го напишал за сопругата за да покаже дека тој бил добар човек кој како и сите други се плашел од смртта.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено