Затоа што има аутизам Броди Смит има проблеми со социјализирањето. Но, тој собрал храброст да оди на матурската забава. Броди се дотерал и тргнал да оди сам и пеш на забавата.

Тогаш му се остварил сонот и пет девојки застанале и го поканиле да дојде со нив во црниот Range Rover.

Броди пристигнал со стил на забавата и бил пресреќен. Броди кој учел цо Католичкото училиште Св. Петар во Солихал, Англија, не сакал да повика ниту еден пријател зата што се срамел. Неговата мајка Дајан вели: „Дознав за ова по неколку дена. Тоа ме допре, бев во солзи. Броди никогаш нема да го заборави тој момент. Тој ми кажа дека не ги познава девојките многу добро, а тие застанале и побарале од него да влезе. Можете да видите од фотографијата колку е среќен Броди. Не можев да престанам да плачам кога замина сам на матурската. Премногу се срамеше да праша некој од пријателите да оди со него.“

Една од девојките Лоти Брин изјавила: „Ние бевме многу возбудени и го видовме Броди како оди сам по улицата, една од нас кажа ајде да го поканиме внатре и јас викнав од прозорецот да влезе и да седне на предното седиште. Тој беше многу пријатно изненаден, да бидам искрена.“

Неговата мајка вели: „Броди беше дијагностициран со нетипичен аутизам кога имаше осум години. Тој секогаш одеше во обично училиште, но состојбата влијае врз неговата комуникација и социјализација. Тој никогаш немал многу пријатели и секогаш беше цел-другите деца го задеваат. Тој се враќаше дома од училиште плачејќи и велеше: ‘На никој не му се допаѓам, сите ме задеваат.’ Беше ужасно.“ Сега Броди е подобро и има добри оценки и се надева дека ќе се запише на факултет.

Сподели на Facebook
пати видено