Познат по неговите истражувања за црните дупки, светски познатиот истражувач Стивен Хокинг упати силно предупредување за нештата кои можат да доведат до исчезнување на цивилизацијата, и неговите предупредувања би можеле да ве изненадат, бидејќи се далеку од тоа општо прифатеното верување дека тоа што ќе му стави крај на човештвото е глобалното затоплување.

Пред сѐ, Хокинг е многу сомничав кога станува збор за развиената вештачка интелегенција. Хокинг силно верува дека сѐ што по интелегенција е еднаква или го надминува човештвото може и да го уништи, и е еден од многуте научници кои напишале отворено писмо предупредувајќи за ризиците кои ги носи вештачката интелегенција. Одеднаш сите тие футуристички филмови кои ни го покажуваат уништувањето на луѓето од страна на роботи веќе не ни изгледаат како претерани измислици, нели? Терминатор, Малцински извештај, Трансформери, Матрикс, Ѕвездени војни, сите овие режисери и сценаристи како да ни испраќаат предупредувачки пораки.

These 3 Things Could Destroy The Human Civilization, Says Stephen Hawking

Хокинг исто така силно предупредува за можните катаклизмични ефекти на човечката агресија. Тој верува дека нашата агресивна природа може да доведе до катастрофални настани кои можат да ѝ стават крај на човечката цивилизација, како на пример голема нуклеарна војна која би можела да го збрише човештвото. Со зачестеното присуство на насилни филмови, видео игри и воопшто насилното однесување во секојдневието, што впрочем го покажува и криминалната статистика ширум светот, мораме да се согласиме дека човечката агресивност е голема причина за загриженост. Дали можеби е само прашање на време кога ужасниот тренд на ученици кои не успевајќи да се прилагодат на нивните средина отвораат оган на своите ученици отиде и чекор понатаму, и некој од овие психопати се вмолкне во повисоките слоеви на општеството и како одмазда за траумите кои ги претрпел во тинејџерските години не реши да го поништи сиот свет?

И на крајот, Стивен Хокинс е загрижен за вонземните форми на живот. Тој верува дека ако навистина постои интелегентен живот надвор од нашата планета, најверојатно тој нема да биде пријателски расположен кон луѓето и може да цели кон освојување и колонизирање на секоја планета којашто ќе ја посети. Со сите тие филмови за вонземјани, многумина мислат дека властите нѐ информираат за фактот дека вонземјаните всушност постојат и дека ќе се обидат да ја уништат човечката раса. Но, дали овие вонземјани ќе бидат некакви зелени чудовишта со огромни очи како на бубачка, или ќе изгледаат како нас? Не можеме а да не си помислиме на оние сцени од „Луѓе во црно“.

Сподели на Facebook
пати видено