Специјалецот на „Фоките“ кој го уби Осама бин Ладен бил исфрлен од летот на Американ ерлајнс бидејќи бил премногу пијан. Роб О’Нил и неговата нова сопруга Џесика се качиле на авионот кој се движел за Далас, на аеродромот Нешвил, во Тенеси, во неделата. Меѓутоа, сведоците тврдат дека воениот херој бил значително пијан и почнал да и кажува навредливи зборови стјуардесата пред да се онесвести.

Претставник на американската авиокомпанија потврди дека ја повикале полицијата поради пијан патник. Полициски извештај, покажува дека О’Нил не бил уапсен и дека авиокомпанијата понудила да му резервира лет за Далас следниот ден. Сепак, поранешниот припадник на Фоките одбил и тој и неговата сопруга со такси се вратиле назад во Нешвил.

Во полицискиот извештај се наведува дека и Роб и Џесика мирисале на алкохол, но дека биле смирени и соработувале со полицајците. Во извештајот, исто така, се наведува дека имало активен налог за О’Нил, но дека тој се однесвал само за Тексас.

О’Нил беше дел од SEAL Team Six, кој го нападна тајниот штаб на Осама бин Ладен во Пакистан во мај 2011. Тој ги испука фаталните куршуми кои го убија лидерот на Ал Каеда.

Тој, исто така, учествуваше вомисијата за спасување на екипажот на Меарск Алабама, откако беа земени како заложници од страна на сомалиските пирати во 2009 година.

Инцидентот беше опишан во филмот на Том Хенкс, Капетан Филипс. Ветеранот од елитната ескадрила ја напуштил војската во 2012 година, откажувајќи се од неговото право на пензија.

О’Нил е одликуван 52 пати за време на неговата служба, заминувајќи како висок главен подофицер.  Минатото лето, 41-годишниот О’Нил, се ожени за 27-годишната Халпин на раскошна свадба на Кејп Код.

Сподели на Facebook
пати видено