Вчера, киргистанските специјални сили направија неколку неуспешни обиди за упад во домот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев. Ова се претвори во судир од голем размер, како резултат на кој беше убиен 1 специјалец, а според Министерството за здравство на републиката, бројот на жртвите достигна 36. Околу илјада приврзаници се собрале во куќата на екс-претседателот, за да им се спротивстават на безбедносните сили.

Краток вовед во политичката позадина на настанот: Алмазбек Атамбајев ја водеше земјата од 2011 до 2017 година. На неодамнешниот митинг во Киргистан, тој ја нарече сегашната влада нелегитимна, а парламентот „злобен“. Актуелниот претседател реагираше повеќе од негативно на ваквата изјава. Властите веднаш го обвинија Атамбајев за корупција, а исто така и за директна вмешаност во ослободување на криминалци од затвор. Како резултат на тоа, екс-претседателот беше повикан на распит, но тој не сакаше да оди. Атамбајев се заклучи во неговата резиденција, а сегашните власти им наредија на безбедносните сили да го приведат со сила.

Следуваат видеа од 4-те неуспешни обиди на специјалците да влезат во куќата.

Сподели на Facebook
пати видено