Во оваа видео се гледаат страшните услови во кои преживеала младата девојка цели два месеци додека била во заробеништво на серискиот убиец, Тод Кохлхеп. Карла Браун била киднапирана, а нејзиното момче било убиено од страна на Тод.

Девојката била врзано со ланци, спиела на кревети за кучиња и се хранела само со путер, крекери и сок. Кога полицајците ја прашуваат каде е нејзиното момче девојката потресено им одговара: „Тој го фати, тој го фати… има уште неколку тела закопани во неговиот двор.“

Карла била пронајдена во напуштен транспортен контејнер и доколку полицијата не ја пронашла на време девојката би умрела од глад. Нејзиниот џелат признал дека претходно извршил уште 7 убиства почнувајќи од 2003 година. Според полицијата тој уживал да се фали за своите „достигнувања“ и им раскажал кои луѓе, каде и како ги убивал.

Овој Ханибал Лектор од реалниот живот, признал дека ги убил Беверли Гај, Скот Пондер, Брајан Лукас и Крис Шерберт за време на манифестацијата Супербајк Мотоспорт. Исто така во дворот на Тод било пронајдено телото на момчето на Карла, Чарли Карвер и телата на Меган и Џони Кохси.

46-годишниот Тод Кохлхеп е обвинет за 7 убиства, за поседување на огнено оружје при криминал, за киднапирање и силување. Тој е осуден на 7 последователни доживотни затворски казни, плус дополнителни 60 години затвор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено