Мал број од нас знаеме како всушност мачките одлучиле да се приклучат во нашиот свет. Разбирањето на мачките и улогата што ја заземаат во историјата, исто така, може да фрли светлина врз сложениот аспект на човечката еволуција. Широко е прифатено дека домашната мачка еволуирала од блискоисточната дива мачка, преку која биле создадени соодветни генетски лози.

Некои од овие лози пристигнале во Египет и доминирале со овие антички кралства. Но како што знаете мачките не сакаат да останат премногу долго на исто место, па затоа се преселиле. Мачките станале популарни во Грција, каде што биле продавани, а потоа и во Персија. Околу 500 година п.н.е. домашната мачка му била претставена на царот на Кина и оттогаш тие станале многу популарни меѓу повисоките класи во Кина, особено за време на династијата Сонг. Во текот на овој период, Кина создала некои од првите раси на мачки како што се Сијамски и Бурмански.

Она што е уште поинтересно, се резултатите од едно неодамнешно сеопфатно истражување направено за гените на мачките, што ни дава увид во тоа како мачките пристигнаа во нашите животи. Истражувањето е објавено на National Geographic и се базира на генетски примероци од околу 200 мачки земени од временски распон од 9.000 години, вклучувајќи анализа на остатоците од египетските мумифицирани мачки и остатоци од романска мачка и модерна африканска дива мачка.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека на овие животни им требало извесно време да одлучат дали треба да им се придружат на луѓето. Тие секогаш биле околу луѓето, но всушност самите се припитомиле. Мачките почнале да им се приближуваат на луѓето во Египет и Месопотамија. Тие ќе се појавиле како вид на „глодарски патроли“, следејќи ги глувците, кои се хранат со културите на првите развиени земјоделски заедници. Полека, но сигурно, мачките се приближувале до местата каде што луѓето ги создале своите села и градови и почнале да го ценат односот со нив.

Мачките не биле присилно земани и тренирани за да научат некои трикови, туку како што се развиле цивилизациите, така се развивал и односот помеѓу човекот и мачката. „Повеќе или помалку луѓето им дозволиле на мачките самите да се припитомат.“, изјавил Клаудио Отони од Универзитетот во Лувен, еден од коавторите на истражувањето.

Според истражувањето мачките решиле да им се придружат на луѓето кога тие почувствувале корист од нив и поради тоа што кучињата се директно припитомени од луѓето а мачките не, постојат повеќе видови на кучиња отколку на мачки. Исто така според ДНК анализата нема голема промена во генетиката на дивата мачка и домашната мачка, освен промената на крзното.

Во моментов, има околу половина милијарда домашни мачки, кои луѓето ги чуваат како миленици, во целиот свет, што покажува колку е голем бројот на љубители на мачки. Но сепак колку и да правиме научни истражувања, никој не може целосно да ги сфати мачките и како тие размислуваат, единствено ни останува да ги сакаме такви какви што се.

Сподели на Facebook
пати видено