Фотографијата на која се гледаат група кучиња водичи како гледаат театарска претстава на Били Елиот во Канада, стана вирална. Претставата е наменета за лица со посебни потреби, а кучињата тренираат за да бидат водичи за овие лица. Сепак тие овој пат ја изгледаа претставата сами и очигледно сите уживаа во неа.

Кучињата тренирале за ситуација кога управувачот со аутизам, на пример, можеби ќе сака да присуствува во театарот. Тие вежбаат да ги водат луѓето во мали тоалети, тесни ходници, и генерално да се снаоѓаат во театарот без да бидат расеани од бројните звуци и миризбата на храна.

 

Сподели на Facebook
пати видено