„Запорожец“ е легенда во руската автомобилска индустрија – првиот ваков автомобил бил направен уште во 1960 година. Бидејќи многу луѓе биле емотивно приврзани со својот прв и единствен автомобил, во Русија сѐ уште може да се најдат доста Запорожци во возна состојба, а во последно време на мода се „тјунираните“, односно модифицирани верзии на легендарниот автомобил.

Сподели на Facebook
пати видено