NeoTV ви овозможува да гледате телевизија не само на телевизор туку и на кој било ваш уред компјутер, таблет или смартфон и секаде каде што имате пристап до интернет. Освен тоа не сте многу врзани со време, односно можете да гледате сѐ што веќе завршило, бидејќи сѐ во Македонија се снима :).

„Неотел“ стартуваше со комплетно нов концепт на интерактивна телевизија – neoTV, кој овозможува уникатно доживување и модерен пристап кон гледањето телевизија.

NeoTV претставува сосема нов модерен начин на гледање телевизија, односно „паметна телевизија“ (smart TV) која нуди широк спектар на веќе постојни, но и нови можности кои што произлегуваат од технологијата која што се користи и која што овозможува едноставен развој и бројни дополнителни напредни можности. Оваа понуда, не само што се прилагодува на динамичниот начин на живеење и на потребите на сите корисници, туку создава нов аспект кон она што ние го нарекуваме традиционална телевизија. Дефинитивно вистинско и уникатно доживување во вашите домови, уште повеќе што целиот сервис е создаден и креиран во Македонија од наши македонските инженери.

NeoTV влегува во категоријата IPTV и ги овозможува сите погодности како што се: паузирање, премотување, следење снимена содржина од целата програма на националните канали од последните три дена, снимање и закажување снимање на програмата. NeoTV ви овозможува сите овие погодности да ги користите покрај на традиционалната телевизија и на кој било ваш уред (компјутер, таблет или смартфон) и секаде каде што имате пристап до интернет.

neotv

Сите корисници на оваа услуга, благодарение на Android set top box уредот, телевизорот ќе можат да го претворат во свој мини компјутер и со едноставно приклучување на безжично глувче и тастатура ќе можат да ги вршат сите функции што досега ги вршеле на својот компјутер како сурфање на Интернет, испраќање на електронски пораки, гледање видеа на YouTube, комуницирање со пријателите преку Facebook или Viber, а со поврзување на надворешен хард диск вашиот телевизор станува медиа центар каде ќе може да се гледаат и омилените фотографии и видеа.

neotv2

Уредот е базиран на Android оперативниот систем со кој преку Google Play Store ви се овозможува користење на сите ваши омилени Android апликации на вашиот телевизор. Дополнително, секој корисник на neoTV може да ја инсталира Android или iOS апликацијата на neoTV и да ги гледа своите омилени телевизиски канали на својот мобилен телефон или таблет каде и да е, секаде каде што има интернет конекција.

Изборот на телевизиските канали е внимателно направен со селекција од најгледаните канали во Македонија, каде што во самата претплата се вклучени Спорт клуб каналите и освен стандардните Fox канали, вклучени се и дополнителни 2 (Fox Crime и Fox Movies). Листата константно ќе се надополнува во иднина со цел овозможување на што повеќе квалитетни канали кои ќе бидат достапни за корисниците.

Интерактивната телевизија на „Неотел“ е одлична можност буквално за секој член од семејството, без разлика на неговата возраст, стил, интереси или потреби. NeoTV нуди повеќе пакети во кои корисниците добиваат телевизија, неограничен интернет без никаква политика за фер користење и фиксна телефонија, а со промотивната понуда која што трае до крајот на месец април, добивате можност да ги користите услугите по цени од 695 денари за првата година.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.neotv.mk или Facebook страницата: https://www.facebook.com/NeotelMKD/

Сподели на Facebook
пати видено