Движењето на Суфражетките започнало во доцниот 19-ти век и 2–тиот век, бидејќи мажите во Обединетото кралство имале право да гласаат, а жените не. Од оваа нееднаквост се родиле две групи, Националната унија на жените суфражетки за правата на жените и Женската социјална и политичка унија.

Терминот „Суфражетка“ потекнува од зборот „suffrage“, што значи право на глас во политички избори и всушност изразот бил создаден од весниците кои сакале да ги исмеваат жените.

Имало и мажи и жени кои не ја поддржувале идејата за право на глас на жените, но тие воделе кампања со мирни протести, знамиња и значки. Во 1900-тата година Суфражетките добиле поддршка за неколку закони за правото на глас на жената, но тие не поминале во Парламентот. По овој пораз движењето употребило поекстремни мерки, како што се штрајк со глад и излегување пред кралскиот тркачки коњ. Преку својата работа жените конечно го стекнале правото на глас во 1928 година.

Неодамна, памфлет од 1918 година од Суфражетка, изложен во Музејот на Понтиприд во Велс, стана вирален, поради неговите „сурови“ совети за жените кои планираат да се мажат. Што мислите вие за нив?

Совети за брак за млади дами

1. Не се мажете воопшто

2. Но, ако морате изегнувајте ги Убавите мажи, Флертувачите и Нечесните, Глупите и Ентузијастите за Фудбал.

3. Барајте силен, скротен маж, потпалувач на оган, трагач по јаглен, чистач на прозор и уредувач на двор.

4. Не очекувајте премногу, повеќето мажи се мрзеливи, себични, непромислени, лажговци, пијаници, несмасни, груби, немажествени и потребно им е скротување.

5. Сите ергени се, и многу од нив се сѐ уште полоши.

6. Ако сакате да биде среќен, нахранете го ѕверот.

7. Истата забелешка важи и за кучиња.

8. Ќе ви биде попаметно да не го пробувате ова, не е вредно за ризик.

Сопруга Суфражетка.

Сподели на Facebook
пати видено