Добредојдовте на интернетот местото каде што можете да научите дека дури и кучињата се подобри уметници од вас. Запознајте го Хантер, Шиба Ину, кој создава апстрактни слики и веќе има илјадници луѓе кои го следат на социјалните медиуми.

Ова 5-годишно „добро момче“ живее со неговите сопственици Кени Ау и неговата сопруга Денис Ло, во Алберта Канада.

„Нашата куќа има голем ѕид на кој сакавме да ставиме неколку уметнички дела. Се обидовме со неколку различни работи, но не можевме да се одлучиме. Бидејќи Хантер е важен дел од нашиот живот, мислевме дека би било соодветно ако тој направи нешто за нас. Се обидовме да го обучиме да ја држи четката, а потоа да ја допре четката на парче хартија, а кога додадовме боја, резултатот беше многу изненадувачки.“, вели Кени.

Кога прв пат почнал да слика Хантер многу се збавувал и сакал тоа да го прави постојано. Неговите сопственици велат дека сликањето сега го смирува. Тие му направиле и Инстаграм профил, каде што се изложени делата на Хантер и секој може да купи некое од нив со цена која почнува од 50 долари.

Хантер досега има направено „уметнички дела“ во вредност од 5.000 долари. Сопствениците велат дека доколку кучето посака да престане со „уметничката кариера“ тие нема да го присилуваат.

Сподели на Facebook
пати видено