Тешко е да се замисли како изгледа тоа да си бездомник, и многумина од нас се привилегирани никогаш да не се соочат со таа реалност. Никогаш нема да почувствуваме како изгледа тоа да си гладен и исплашен, несигурен за тоа како ќе си го обезбедиш следниот оброк. Многу луѓе кои ја немале таа среќа се присилени да копаат по контејнерите за отфрлена вишок храна. Кога сопственичката на оваа сендвичарница видела како луѓе копаат по нејзиното ѓубре, решила да го направи овој неверојатно љубезен гест.

Корисник на Инстаграм ја забележал оваа порака во Оклахома Сити, САД.

desktop-1428940762

„Кон личноста која пребира по нашиот смет за следниот оброк,

Ти си човечко суштество и вредиш повеќе од оброк во контејнерот. Те молам дојди за време на работните часови и ќе добиеш сендвич со путер и џем, свеж зеленчук и чаша вода без никаков надоместок. Без никакви прашања.

– Твојот пријател, сопственикот.“

Сподели на Facebook
пати видено