Човекот го истражувал најдобриот начин да стигне до популарниот мост во Лима, главниот град на Перу, кога забележал позната фигура во една од фотографиите на Google Street View.

На фотографијата имало жена во бела маица, фармерки и штикли, која милува маж кој ѝ лежи во скутот. Тој забележал дека облеката на жената била идентична со онаа во која ја видел неговата сопруга во неколку наврати и кога погледнал поблиску, сфатил дека е таа.

Фотографиите биле направени од страна на автомобил со Google камера во Пуенте де лос Суспирос де Баранко (Мост на воздишки на клисурата), во Лима во 2013 година. Мажот се соочил со жената за аферата од минатото и таа му признала дека го изневерила.

Неименуваниот пар се развел, според локалните медиуми. Мажот ги споделил фотографиите на социјалните медиуми каде што неговите следбеници коментирале дека „светот е мал“ и ја критикуваат жената затоа што не била искрена со него.

Сподели на Facebook
пати видено