Ракот е најопасната болест на денешницата и е навистина физички и психички тешко кога една личност се бори со него, а особено е тешко кога станува збор за мало дете. 3-годишниот Квин Ватерс, од Вејмаут, Масачусетс, е во изолација откако имал трансплантација на на матични клетки во јуни и голема доза на хемотерапија го уништила неговиот имунолошки систем.

Затоа сега Квин мора да седи внатре во неговиот дом и е ставен на посебен режим на исхрана. Секако ова е прилично досадно за едно 3-годишно детенце. За среќа луѓето од неговото соседство решиле да му го разубават монотоното секојдневие, без да му наштетат на здравјето.

Секој ден пријатели, соседи и непознати застануваат во неговиот двор и на различни начини и со различни средства го забавуваат малиот Квин, додека тој ги гледа од прозорецот. Без разлика дали некој ќе пее, ќе игра или ќе изведе некој трик, Квин сето тоа го гледа од прозорецот и светла искра се појавува во неговите очи. Луѓето навистина можат да бидат прекрасни.

Сподели на Facebook
пати видено