На поаѓање:

1. Број на чанти багаж – 13 (само толку собираат багажникот на автомобилот и самиот автомобил), плус N број пластични кеси со играчки земени во последен момент.

2. Број на заборавени ЗАДОЛЖИТЕЛНИ работи (читај кукла или топка) – најмалку 2, доволни за 1 до 2 часа лелекање во колата.

По патот:

3. Број на застанувања со цел одење по голема нужда – од 8 до 12. Одење по голема нужда – 1 (во памперсот).

4. Број на заспани деца во автомобилот – 3, период во кој трите деца се истовремено заспани – 1 минута и 28 секунди.

На морето:

5. Број на побарани сладоледи на ден – 36 (3 деца по 12 пати). Број на купени и изедени сладоледи – 3, број на незадоволни деца – 3.

6. Број на изгубени деца на ден – 3. Број на пронајдени деца на ден – 5.

7. Број на капења на деца за 7-дневниот период – 42. Број на капења во нормална работна недела – 3. Односно потрошени нерви и напори за капење за наредните 3,5 месеци.

8. Број на мачкање со крем на деца за 7-дневниот период – 213, од кои: со крем против сонце – 3 деца х 8 пати на ден x 7 дена = 168; со крем после сонце – 3 деца х 2 пати на ден x 7 дена = 42; со крем нутела (пред да ги фатиме) – 3 х 1 = 3.

9. Вредност на побараната забава од децата за периодот – 1325 евра. Вредност на реализираните желби за периодот – 105 евра. Количина на истечени солзи – околу 0,5 л.

10. Број на носени играчки на плажа на ден – 27. Број на користени играчки – 2 (поконкретно 2 пара лопатки кои се користат активно од мама и тато за копање дупки).

11. Пренесени килограми до и од плажа за периодот – 1344 кг (1 тон и 344 кг) или поконкретно: Пренесени деца кои се уморни од одење и враќање од плажа: 2 деца х 4 пати на ден х 12 килограми (просек) x 7 дена = 1008 кг. 12 кг (крпи, играчки, храна, вода, итн.) x 4 на ден x 7 дена = 336 кг.

Сподели на Facebook
пати видено