Во времето ПРЕД лиценцираните нутриционисти и најпознатите фитнес гуруа од социјалните мрежи, постоела Regimen Sanitatis Salernitanum – книга која лекарите ja создале за англиските благородници. Regimen Sanitatis Salernitanum е една од најпопуларните европски книги во период на 6 века.

Таа вклучувала и лековити рецепти кои ние денес ги нарекуваме „Бабини лекови“ – како на пример користење на праз за зголемување на плодноста или како да спречиме крварење од носот во зависност од тоа со што се занимавале во моментот.

Научниците сметаат дека храната од средниот век била многу покорисна од денешната, благодарение на отсуството на вештачките состојки во неа. Дури дневната храна на средновековните селани била побогата со корисни материи во споредба со современите хранливи стандарди, поради чистите извори на протеини.

Се разбира не можеме да бидеме категорични дека луѓето од средниот век секогаш се хранеле на овој начин.Се разбира не можеме да бидеме категорични дека луѓето од средниот век секогаш се хранеле на овој начин. Неконтролирани околности како климатските услови на пример, често ја намалувале жетвата и квалитетот на храната. Но како изгледала средновековната исхрана на еден обичен човек?

Лебот пример служел како ефикасен и достапен извор на калории, особено за луѓето кои не биле од кралско потекло, бидејќи тие поминувале по околу 12 часа на нозе. Всушност тој бил толку важен, што производителите на леб формирале саморегулаторни задруги наречени еснафи, кои барале исплата на надоместоци во замена на различни форми на заштита, вклучувајќи осигурување и загарантирани ниски цени на суровините.

Потпирајќи се главно на ‘рж, јачмен и овес како главни култури, еден обичен селанец можел да изеде до три килограми жито на ден, често во форма на каша или леб. По широката употреба и одгледувањето на мешункасти култури во 10 век, додавањето на грав кон секојдневното јадење им овозможило дури на најсиромашните работници да имаат витална храна на нивното „мени“.

Иако имало широка употреба на грав меѓу средновековното општество, месото сепак било најмногу префериран извор на протеини, иако не било лесно достапно, особено за најсиромашните. Свинското се сметало за деликатес на средновековната трпеза, а на празниците најчесто се јадело еленско месо. Без оглед на видот на месото, секое јадење се подобрувало со големо количество зачини како каранфилче, цимет и морско оревче.

Средовековната храна има голем број на сличности со храната денес. Бадемовото млеко не било непознато за луѓето од средниот век. Тоа било направено за да се замени животинското млеко, за време на долгите црковни пости. Исто така и маслото од ореви претставувало поевтина и практична опција.

Кој е најчудниот дел од средновековниот живот? По улиците имало места за брза храна. Иако не се нуделе хамбургери со помфрит и газирани пијалаци, тогаш исто така имало слични места, на кои се нудела храна како палачинки или вафли, бидејќи се мали и лесно се јадат во движење.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено