Во неделата наутро, Телма Чика на овој свет донесе 6 бебиња, помеѓу 4 и 5 часот сабајлето. Сите шест бебиња тежат помеѓу 700 и 1300 грама, а се родени како еден пар на девојчиња, близначки кои веќе ги добиле своите имиња- Зина и Зуриел и два пара момчиња.

Од болницата изјавиле дека сите 6 се во стабила здравствена состојба и ќе бидат префрлени во одделот за напредна интензивна нега на новороденчиња.

Шансите за раѓање на 6 бебиња се 1 наспроти 4.7 милијарди, при што поголема е веројатноста човек да го удри гром, па дури и да победи на лотарија.

Иако ваката бременоста на Чика е доста ретка, сепак таа не го држи рекордот на најмногу родени деца во исто време. Надја Сулеман, позната како “Мајка на осум”, во јануари 2009-та година, на возраст од 33 години, роди 8 бебиња и сеуште го држи својот рекорд. Воедно е и прва чии 8 деца доживеале да живеат после првата недела од нивното раѓање.

Сподели на Facebook
пати видено