Во последно време станаа популарни куќите во Италија кои се продаваат за 1 евро, но финтата кај овие куќи е што луѓето кои ќе ги „купат“ се приморани целосно да ги реновираат во наредните две години во износи од над 10.000 евра.

Сепак еден сопственик на куќа во Италија смислил нов начин како да си земе пари за себе и да ја „даде“ куќата „бесплатно“.

Тој организирал лотарија, па дури направил и веб-страна каде што луѓето ќе можат да аплицираат за лотаријата. Станува збор за куќа на 3 ката, која се наоѓа во прекрасното средовековно село Карапеле Калвисио, во Националниот парк Гран Сасо, Абруцо.

Вредноста на неговата вила се проценува на 282.000 долари, а тој направил лотарија од продажбата и направил 6.000 лотариски листа. За да успее играта, а досега се продадени над 4.000. Тие сакаат да бидат што е можно потранспарентни, а дури ќе даваат и награди за второто и третото место.

Второто место носи парична награда од 13.270 долари, додека третонаградениот ќе добие кошница со храна и вино од Абруцо.

„Се обидовме да ја продадеме куќата на вообичаен начин, користевме агенти за продажба и работевме напорно на различни начини, но пазарот едноставно не е погоден за овој начин на продажба. Затоа решивме да направиме натпревар во кој еден победник ќе ги земе клучевите од оваа прекрасна куќа во Италија“, изјавил Абот, еден од сопствениците.

Натпреварот трае до 30 септември оваа година, а извлекувањето на победниците ќе се одржи во октомври.

Сподели на Facebook
пати видено