Дуке Бојаџиев за новогодишните празници ви подарува студиско издание од проектот Сон-Верба-Љубов, од коe дел од композициите беа изведени на неговите концерти минатите години, а дел ќе ги слушнете премиерно. Музиката е инспирирана од Македонскиот корен и традиција, напишана и снимена во Њу Јорк во периодот од 2010 до 2017 година.

Посебна Благодарност до сите гости на проектот:
Исмаил Лумановски (кларинет), Владимир Крстев (виолина), Ара Динкјиан (уд), Каролина Гочева (вокал), Крсте Роџевски (вокал), Наташа Петровиќ (вокал), Матијас Кунцли (перкусии).

Албумот можете да го слушнете и да си го сименте на следниов линк.

Сподели на Facebook
пати видено