Благодарение на воведувањето на технологијата како GoPro, луѓето сега можат лесно да ги документираат своите патувања, од банџи, до скијање. Секогаш можат да се направат импресивни снимки.

Сега технологијата се движи во секакви правци и индустрии и на пазарот се појави специјална GoPro камера која служи за опфаќање на најинтимните и „највозбудливите“ моменти.

Името на камерата е „The Cock Cam“, да така е, станува збор за камера која го снима се*суалниот однос и се става на пенисот. Од фирмата која ја произведува камерата велат дека „револуционерна сексуална играчка ви овозможува да ги снимите сите ваши еротски моменти во никогаш не видени агли, да ги чувате и да гледате видеа на вашиот мобилен уред преку безбедна мобилна апликација.“

Оваа камера е прва од ваков тип и е креирана од британската компанија за се*с играчки „Julz“. Таа чини 145 евра, снима во инфрацрвено ноќно снимање и HD видео, до 90 минути на 1080P, 15 фрејмови во секунда.

Сподели на Facebook
пати видено