Официјално, ниеден затвореник не успеал да побегне од островскиот затвор, којшто е опкружен со смрзнувачки студени води и силни водени струи. Но, тоа не ги запрело шпекулациите дека неколкумината луѓе „кои никогаш повторно не биле видени“ навистина успеале.

На 16. декември 1937 година, Теодор Кол и Ралф Ро се обиделе да избегаат од федералниот затвор на островот Алкатраз во заливот на Сан Франциско, за никогаш потоа да не бидат видени. Нивниот обид за бегство од Алкатраз не бил ниту првиот, ниту последниот.

Првиот обид

al01

Џозеф Бауерс бил првиот човек кој се обидел да избега од затворот Алкатраз. Неговиот обид за слобода на 27. април 1936 година, додека ја вршел својата задача да согорува смет, го направил прескокнувајќи ја оградата во обид да стигне до брегот. Бил застрелан од стражарите пред да успее во тоа.

Во морето

al02

На 16. декември, 1937 година, Теодор Кол и Ралф Ро го направиле својот обид откако бавно ги истругале решетките во затворската работилница и на магливиот ден се стрчале кон водата. Двајцата скокнале во водата, за никогаш повеќе да не бидат видени. Се претпоставува дека струите ги одвлекле во океанот кадешто се удавиле.

Напаѓачот на Ал Капоне

al03

На 23. мај 1938 свој обид направиле и Руфус Френклин, Томас Р. Лимерик и Џејмс Лукас. Лукас бил познат по тоа што во затворската берберница во Алкатраз го нападнал познатиот Ал Капоне. Тројцата нападнале еден од стражарите и го убиле во нивниот обид за бегство, но Френклин и Лимерик биле застрелани откако успеале да се качат на затворскиот покрив. Лукас се предал.

За малку успешното бегство од блокот D

al04

На 23. мај 1938 свој обид направиле и Руфус Френклин, Томас Р. Лимерик и Џејмс Лукас. Лукас бил познат по тоа што во затворската берберница во Алкатраз го нападнал познатиот Ал Капоне. Тројцата нападнале еден од стражарите и го убиле во нивниот обид за бегство, но Френклин и Лимерик биле застрелани откако успеале да се качат на затворскиот покрив. Лукас се предал.

За малку успешното бегство од блокот D

Артур Док Баркер, Вилијам Мартин, Руфус Меккејн, Хенри Јанг и Дејл Стампхил направиле обид за бегство на 13. јануари, 1939, и тоа од навнодно најобезбедуваната затворска единица. Откако успеале да се прокраднат од ќелиите и да стигнат до брегот ноќе, врз затворениците било стрелано додека се обидувале да направат сплав. Баркер бил убиен, Стампхил ранет, а другите двајца повторно биле заробени.

Тие решетки не се само за изглед

al05

Џо Крецер, Сем Шокли, Арнолд Кајл и Лојд Баркдол работеле во затворската работилница кога ги нападнале стражарите и се обиделе да ги истругаат затворските решетки за да стигнат до брегот. Но, решетките биле отпорни на алатот, и тие наскоро се предале. Крецер и Шокли подоцна пак ќе се обидат да избегаат.

Заливот

al06

Џејмс Борман, Харолд Мартин Брест, Флојд Гарланд Хамилтон и Фред Џон Хантер го направиле својот обид за бегство откако ги совладале и врзале двајцата стражари во затворската работилница. Но, еден од врзаните стражари успеал да се ослободи и врз затворениците во бегство било стрелано во водата. Борман бил ранет и откако ја изгубил свеста, потонал во заливот. Сите други биле фатени, иако Хамилтон два дена се криел во една мала пештера пред да се врати назад.

Битката во Алкатраз

al07

Битката во Алкатраз, која траела од 2. до 4. мај, 1946 била резултат на неуспешниот обид за бегство на Кларенс Карнз, Бернард Кој, Џозеф Пол Крецер, Марвин Хабард, Сем Шокли и Миран Едгар Томпсон.

Затворениците првин онеспособиле неколкумина стражари и се здобиле до пристап со затворската оружарница. За да се стави крај на нивното вооружено спротивставување биле потребни два вода маринци. Заедно со тројцата затвореницибиле убиени и двајца стражари, а единаесет стражари и еден осуденик биле ранети. Миран Томпсон и Сем Шокли подоцна биле погубени поради нивната улога во обидот за бегство.

Криејќи се во карпите

al08

НА 23. јули 1956 година, Флојд Вилсон изчезнал од своето работно место на затворското пристаниште, но по дванаесет часа бил најден како се крие помеѓу големите карпи на брегот на островот, откако го напуштил својот план да направи сплав од отпадно дрво.

Единственото успешно бегство?

al09

Кларенс Англин, Џон Англин и Френк Морис го направиле својот обид, за кој сѐ уште се дебатира дали е единственото успешно бегство од Алкатраз. Затворениците ја издлабиле бетонската рамка околу вентилацијата која водела до инсталацискиот тунел надвор од нивната ќелија, и тоа употребувајќи алатки како метална лажичка и импровизирана електрична бушалка.

Затворениците сложен план, вклучувајќи и хартиени модели на нивните глави кои ги оставиле во нивните легла. Друг затвореник, Ален Вест, исто така бил дел од планот за бегство, но не можел да се протне низ дупката и така останал зад нив.

Тројцата затвореници успеале да направат импровизиран сплав од затвореничките наметки за дожд и да го напуштат островот. Официјално, ФБИ верува дека луѓето се удавиле во заливот, но документите покажуваат дека на островот Ејнџел бил најден сплавот, како и стапки, а семејствата на затворениците тврделе дека потоа со години добивале разгледници од нив.

Маршалската служба на САД вели дека случајот ќе стои отворен сѐ до стотиот роденден на бегалците.

Последниот обид

al10

На 16. декември, 1962 година, Џон Пол Скот и Дарл Паркер биле последните затвореници кои се обиделе да избегаат од Алкатраз. Скот употребил струни за бенџо како импровизирана пила за да ги иструга решетките на кујнскиот прозорец, и надвор проболе и задавиле двајца стражари. Двајцата потоа скокнале во водата на работ од островот.

Паркер бил најден како седи на карпеста формација позната како Мал Алкатраз, но Скот успеал да стигне до копното кадешто бил најден од тинејџери, откако претрпел смрзнување. Обидот бил единствениот докажан случај во кој затвореник од Алкатраз успеал да стаса до брегот со пливање.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено