Слободан Вуксановиќ, бивш министер за образование во владата на Воислав Коштуница, доктор на науки и поранешен универзитетски професор, денес живее на улица како бездомник. Неодамна бил најден во еден белградски парк, сиот измрзнат и гладен, откако го пријавиле граѓани, по што лекари од најблискиот здравствен дом морале да му укажат помош. Локалните медиуми пишуваат дека поранешниот министер во српската влада и доктор на науки се нашол на улица по распадот на неговиот брак и губењето на професорското место. Драгољуб Миќуновиќ стакнатиот политичар и близок роднина на Вуксановиќ, за медиумите изјавил дека не знае ништо за судбината на Вуксановиќ и дека веќе подолго време не е во контакт со него. Тие кои го затекле Вуксановиќ на клупата велат „не личел на себе.“
„Беше запуштен. Молеше да не го водат во прифатилиште за бездомници каде што можеше да се згрее, искапе и најаде. Одмавнуваше со рацете и велеше дека има пријател каде што ќе може да преноќи. Даде и негова адреса.“
Но, кога стигнале до таа адреса, луѓето кои му помогнале затекнале запуштена барака, а Вуксановиќ инсистирал да го остават таму, по што тие немајќи друг избор тоа и го направиле.