Некој многу богат човек замолил еден мудрец да напише нешто што би донело трајна благосостојба за неговото семејство, што ќе се пренесува од колено на колено. Мудрецот зел голем лист хартија и напишал: „Умира таткото, умира синот, умира внукот“.

Човекот се налутил, викајќи: „Те замолив да напишеш нешто што ќе го усреќи моето семејство! Зошто се шегуваш со мене?“

„Не се работи за шега“, објаснил Сенгај. „Ако пред тебе умре твојот син, ти би бил многу тажен. Ако пред твојот син умре твојот внук, тоа би ви ги скршило срцата и на двајцата. Ако твоето семејство со генерации заминува по дадениот редослед, тоа ќе биде природен тек на животот. Тоа е за мене вистинска благосостојба.“

Сподели на Facebook
пати видено