Компанијата Самсунг Електроникс во декември го најави паметниот уред Галакси А8(2018) (Galaxy A8(2018)) – нов модел како надополнување на Галакси А (Galaxy A) серијата на паметни телефони. Новиот смартфон Галакси А8(2018) поседува Двојна Предна Камера (Dual Front Camera), голем “Бесконечен“ (Infinity) Дисплеј и е со неверојатен дизајн, постилски, попрактичен и поудобен за употреба. Овој месец, Галакси А8(2018) пристигнува и во Македонија!

Галакси А8(2018) (Galaxy A8(2018)) поставува нови стандарди за непрекинатo и извонредно искуство при гледањето. Отсега можете да ги следите вашите омилени спортски натпревари низ целиот екран за максимално синематско доживување. “Бесконечниот“ дисплеј ја надминува рамката со извонреден сооднос на дисплејот од 18.5:9, додека стаклените и метални елегантни рамки на уредот, заоблените делови и удобноста за држење го прават овој уред уште поедноставен за следење на вашите омилени содржини.

Со функцијата “Аlways On Display”, Галакси А8 ќе овозможи секогаш да бидете во тек со резултатите од натпреварите на вашите омилени спортски клубови, без притоа да треба да го отклучувате телефонот. Оваа функција ви овозможува да ги следите резултатите само со еден поглед кон телефонот.

Новиот Галакси А8(2018) пристигнува со карактеристики за брзо полнење, па дури и да ја потрошите батеријата при гледањето на натпревар или играњето игри, телефонот нема да се исклучи уште долго. Исто така, смартфонот Галакси А8(2018) ги помни и локациите каде што претходно сте се поврзале на Wi-Fi, па кога ќе ја напуштите Wi-Fi зоната, уредот автоматски ги вклучува и исклучува своите Wi-Fi способности.

Со сите овие карактеристики на едно место, новиот Галакси А8(2018) е дефинитивно уред со кој можете да уживате во вашето секојдневие, да гледате и споделувате содржини, како и да направите одлични фотографии и видео снимки. Се на се, овој нов паметен Самсунг уред импресира со својот дизајн. Клучниот елемент за одличен паметен телефон отсекогаш бил вистински иновативен и врвен дисплеј кој ќе функционира беспрекорно, а Самсунг повторно не воодушеви и го прикажа досега најдоброто во ова поле!

Гледајте… и уживајте во спортот со Самсунг Галакси А8(2018)!

Сподели на Facebook
пати видено