Кејт Хопкинс, славна телевизиска личност од Британија и поранешна натпреварувачка во шоуто „Изборот на Доналд Трамп“, има некои, би рекле, премногу либерални сфаќања. Хопкинс вели дека старите луѓе би требало да се успијат исто како што се прави со животните, бидејќи претставувале товар на општеството. Така, таа сугерира да се организираат „комбиња за евтаназија“ кои ќе возат од врата до врата и ќе ги убиваат постарите.

Katie Hopkins at The Oxford Union to speak to students, Britain - 27 Nov 2013

„Едноставно имаме премногу стари луѓе“, вели феминистката. „Глупаво е да живееме во земја каде што кучињата можат да се успиваат, а луѓето не.“ Според Хопкинс, ова може да се изведе со стил.

„Комбиња за евтаназија – исти како за сладолед – кои ќе ви дојдат дома. Сѐ ќе биде совршено шармантно. Дури можат и да им пуштат некоја нивна омилена песна. Навистина го мислам ова. Навистина ми се допаѓа идејата за комбиња за евтаназија. Мораме да го прифатиме ова бидејќе тоа што медицинскиот напредок ни овозможува да живееме подолго, не значи и дека е правилно да се прави така.“

Британски црн хумор, или уште една феминистичка глупост?

Сподели на Facebook
пати видено