Вонземјани не грижете се, ќе бидете спасени… па можеби. Невооружена и не толку опасна армија на војници со тастатура „планира“ да навлезе во Областа 51 високо доверливиот објект на американската авијација, овој септември. Да, сериозно.

Главните цели: ослободување на „заробените“ вонземјани, можеби да си најдат сродна душа или да се повозат во необичните вонземјански летала и да ги интегрираат вонземните суштества во модерното општество.

Тоа е мисија која најверојатно ќе остане незавршена, а сепак над 800.000 луѓе се подготвуваат конечно да ги откријат тајните на најголемата американска теорија на заговор еднаш и засекогаш.

Урнебесниот план се прошири со групата „Storm 51, They Can’t Stop All of Us“ (Да упаднеме во 51, не можат да не запрат сите), каде што водичот предложува да трчаат кон објектот. Оваа „мисија“ стана вирална и сите добро се смејат на оваа „иницијатива“.

Еден ентузијаст за вонземјани веќе и си испланирал што ќе прави откако ќе ја ослободи неговата девојка вонземјанин од Област 51:

Датумот за „напад“ на Област 51 е закажан за 20 септември 2019 година, а „војниците“ ќе се сретнат во туристичката атракција „Area 51 Alien Center“ за „внесување на координати“.

Сподели на Facebook
пати видено