Ако ја имаш искрата во себе, не мора да си роден во богато семејство, не мора дури ни да имаш добар телефон за да се снимиш како пееш. Талентот ќе си го најде својот пат во денешното време на развиена комуникација.

Џонг Мадалидај е средношколец од местото Кабацан на Филипините. Неговите родители цел живот одгледуваат ориз и така го прехрануваат своето семејство. Момчето има големо срце и страст за музиката, што може да се примети дури и од лошата снимка на неговата изведба на песната „Too Much Love Will Kill You“.

Сподели на Facebook
пати видено