Новоизбраниот претседател на Аргентина, Алберто Фернандес, повеќепати се спротивставува на реакциите врз неговиот син Естанислао. 24-годишниот син на Алберто работи во осигурување и студира дизајн и навидум нема ништо „необично“ во неговиот живот.

Сепак на Инстаграм приказната станува поинаква. Естанислао има свој профил на кој се претставува како „Дрег кралица“ и ги забавува следбениците со своите женствени комбинации. Тој на Инстаграм е потпишан како Dyhzy, но сите знаат чиј син е всушност.

Неговиот татко, централно-левичарскиот политичар Фернандес победи на изборите во Аргентина, соборувајќи го конзервативниот претседател Маурисио Макри. Новиот лидер ја доби моќта во време кога економијата на нацијата е во криза. Тој вети дека ќе ги решава ЛГБТ проблемите и го пофали неговиот син, нарекувајќи го „голем човек“.

Еве што изјавил тој за својот син: „Мојот син е активист за права во таа заедница. Јас би се грижел доколку мојот син е криминалец, но тој е голем човек.“

ЛГБТ правата во Аргентина се едни од најнапредните во светот, со тоа што земјата е прва во Латинска Америка што го легализира бракот од ист пол во 2010 година. Но, не секој е среќен за врската на новиот претседател со ЛГБТ заедницата преку неговиот син.

По победата на Алберто, синот на бразилскиот претседател, Едуардо објавил фотографија во која тој држи пушка и од другата страна фотографија од Естанислао во Пикачу костим.

Сподели на Facebook
пати видено