Алјаскиот маламут Коко можеби е најразгаленото куче во светот. Имено, кучето добило осум ајфони од неговиот сопственик, синот единец на најбогатиот човек во Кина Ванг Џианлин, вреден 25 милијарди долари. На социјалните медиуми се појавиле слики со среќното куче како позира до наредени осум кутии и во секоја од нив има телефон вреден 940 долари.
28-годишниот сопственик на кучето Ванг Сиконг се образовал на колеџот Винџестер и веќе поседува околу 500 милиони долари. Сликите на интернет ги качил самиот Ванг Сиконг, и тоа на личниот профил на кучето на социјалниот медиум Веибо. Како што можете да замислите, реакциите на луѓето се најразлични. Некои сметаат дека кучето е симпатично, додека други сметаат дека тоа е расипништво и декаденција.