Споени кај срцето, близначките Савана и Скарлет имале речиси нула шанси за преживување. Но, на восхит на нивните родители и нивните доктори, двете девојчиња ја преживеале операцијата за нивно раздвојување. И сега, два месеци по операцијата, тие ќе можат да си одат дома со нивната мајка Жаклин, таткото Марк и нивната тригодишна сестра.

„Тие се толку силни борци“, пишува Жаклин на својот блог.

Ретки се случаите кога споени близнаци ќе го преживеат породувањето. Само пет отсто од нив живеат подолго од 24 часа. Овие две девојчиња билеспоени кај црниот дроб, дијафрагмата и срцето. Во втората седмица од нејзината бременост, докторите им кажале на Жаклин и Марк дека девојчињата имаат речиси никакви изгледи за живот. Но, тие биле решени да ги задржат девојчињата и побарале второ мислење. Д-р Џенифер Ко-Ву по подетална анализа им кажала дека секое од бебињата има свое мало срце, но чукаат во исто време и се споени кај срцевата преткомора.

Шансите сѐ уште биле мали, но барем имало некаква шанса. Девојчињата се родиле со помош на царски рез. Докторите веднаш ги скенирале и направиле 3D копии на нивните органи за да ја вежбаат операцијата.

Морале да пресечат некои крвни садови, обидувајќи се да пресечат што е можно помалку. Операциата била изведена на 11 јули и траела мачни осум часа. Црниот дроб, кој бил еден џиновски орган, бил раздвоен во два здрави органи со нормална големина. После неколку недели, девојчињата се во стабилна состојба и веќе можат да ги пуштат дома.

bl01 bl02 bl03 bl04 bl05 bl06 bl07

Сподели на Facebook
пати видено