Албино девојче кое поради порцеланската кожа и снежно белата коса го добило прекарот “Снежана” овие денови е преплавено со понуди од професионални фотографи. 8-годишното девојче по име Нариана е родена во Јакутија во Сибир и таа е единствената албино личност во семејството.

Иако има премногу понуди од агенции за модели и агенции за реклами, одлуката на нејзината мајка е Нариана да не се експлоатира уште сега пред камерите. На овие фотографии од “Сибирската Снежана” се гледаат сите нејзини блескаво бели карактеристики, вклучувајки ја и сликата каде што се гледа контрастот меѓу неа и нејзината 14-годишна сестра Карина, која има темна коса како и остатокот на семејството, кои се етнички Јакути.

Сподели на Facebook
пати видено