Да купиш вакво парче мебел за својот дом може да чини доста скапо. Освен ако не сте овој човек кој решил да биде малку креативен со дрвена макара за кабли којашто ја нашол за евтини пари. Во тоа повеќето од нас не би виделе ништо друго освен куп ѓубре, но тој видел можност за нешто убаво и интересно. И вие ќе се согласите со него кога ќе го видите резултатот.
Еве ја огромната макара со која почнал
Како што е редот, почнал со тоа што го растурил сето тоа чудо
На горниот и долниот дел решил да стави иверка
Три пати мери, еднаш сечи…
…и потоа почнал да ја гради основата.
Потоа подготвил лим од нерѓосувачки челик за да ја обложи основата.
Бојадисување и лакирање на дрвото.
Откако додал неколку полици, кои ги монтирал зад барот, сето било готово и сега може да ужива во опуштена атмосфера во својот сопствен дом.