Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се татковците на акционите филмови. На 72 и 73 години, тие сè уште се борат со лошите момци во филмовите: Шварценегер треба да ја повтори својата улога како смртоностата машина во Терминатор: Темна судбина, додека Сталоне го изостри ножот за Рамбо: Последна крв, петти и последен филм во серија.

За да го одбележи објавувањето на овој филм, Сталоне потпиша еден од ножевите на Рамбо и одлучи да го продаде и парите да ги даде во добротоворни цели. Но, како и секој добар пријател Шварценегер реши да се мајтапи на негова сметка.

Во видеото објавено на Инстаграм на Шварценегер, додека стои до ножот на Сталоне вели: „Само што го видов ножот што го потпиша за добротворни цели…неверојатен е погледнете го овој нож. Но, ова не е нож. е веќе ова е нож. Ова е она што го користевме во Предатор. Тој е само малку поголем од твојот, но не грижи се за тоа. Во секаква сериозност, сè најдобро со Рамбо овој викенд, добро? Ќе бидеш хит. Ќе биде бомбастично. Ти си најдобриот.“

Секако неговиот пријател не сакал да му остане должен, па го објавил видеото на Шварценегер и како опис напишал: „Ти благодарам многу голем човеку. Ти си одличен пријател и голема ѕвезда, но мојот нож секогаш ќе биде поостар од твојот. #RAMBO.“

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено