Во Западна Померанија, Полска, има една шумичка со обични борови којашто стана позната поради еден мал заплет во приказната – сите 400 стебла кои се наоѓаат таму имаат чудна закривеност кај нивниот корен.Дрвјата биле засадени во 1930 година во област која тогаш ѝ припаѓала на Германија.

Сите дрвја веднаш над почнвата имаат чудно скршнување од 90 степени, за потоа пак да почнат да се извишуваат во грациозна закривеност. Нивниот чуден, но прекрасен изглед совршено е овековечен во фотографиите на Килиан Шонбергер.

Никој со сигурност не знае како и зошто овие дрвја се искривени, но повеќето веруваат дека тоа се случило преку однапред смислен вештачки механички процес. Други пак теоретизираат дека мистериозната закривеност е резултат на обилен снег. Што и да е причината, со сигурност е глетка која заслужува да се види.

dr01 dr02 dr03 dr04 dr05 dr06

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено