Прилично е лесно да се открие на која крвна група припаѓате. Сѐ што е потребно се 3 епрувети и со 3 различни реагенси кои содржат 3 различни антитела: A, B и Rh.

И примерок од крв, се разбира. Кога ќе се стави крв во сите епрувети се чека реакција. Кога крвта се згрутчува тоа значи дека реагира со истите антитела што ги има во себе и на овој начин научниците откриваат на која крва група припаѓате.

Се верува дека нашата крва група е тесно поврзана со способноста на нашето тело да обработува одредена храна. Значи секоја крвна група ја одредува предложената специјална диета за една личност која треба да ја следат за да го живеат животот на најдобар, најздрав начин. Овој пристап бил популаризиран од д-р Петар Џ. Д’Адамо, откако објавил книга на оваа тема во 1996 година. Но, не постои договор дали таа всушност функционира, бидејќи нема студии што докажуваат дека оваа теорија е точна или погрешна.

Тип А

За луѓе со крв од тип А се препорачува вегетаријанска исхрана. Се вели дека луѓето со оваа крвна група имаат ниски нивоа на стомачна киселина и не можат многу да ги сварат животинските протеини и маснотиите. Затоа, се сугерира тие да јадат многу овошје, зеленчук и житарици. Важно е да се конзумира оваа храна во најприродна состојба – свежа и органска без додадени состојки.

Тип Б

Според книгата, луѓето со оваа крвна група се сметаат за „сештојади“, па можат да јадат различни видови храна. Сепак, храната како пченка, пченица, домати и кикиритки може да предизвика зголемување на телесната тежина, замор и хипогликемија. Друга храна која луѓето со оваа крвна група треба да ја избегнат е пилешко. Иако тоа не е месо со многу маснотии, тоа може да предизвика напади и имуни нарушувања кај луѓето со крвна група Б. Подобро е да се замени пилешкото со јагнешко, козјо или зајачко месо.

Тип АБ

Тип АБ е најретка и најнова крвна група. Има мешано наследство од типовите А и Б. Луѓето со оваа крвна група имаат ниска стомачна киселина како тип А, но исто така имаат и адаптација на тип Б за месо. Јајца, морска храна и лиснат зеленчук се добри за луѓето со оваа крвна група. Тие исто така се советуваат да јадат во помали делови почесто, бидејќи тоа е подобро за нивниот дигестивен систем.

Тип 0

Луѓето со оваа крвна група, наводно, имаат висока стомачна киселина и имаат многу добро развиена способност за варење и животински протеини и масти. Затоа исхраната со протеини, со многу квалитетни меса, риба, зеленчук и овошје најдобро функционира за нив. Јаглехидратите како зрна, грав и бобинки можат лесно да се складираат како масти во нивниот систем. Значи, ако сте тип 0, подобро е да ги избегнете.

Звучи добро во книгата, но што е со вистинскиот живот? Студиите спроведени во 2014 година покажаа дека луѓето кои ја следеле препорачаната диета имале здравствени подобрувања. Меѓутоа, овие подобрувања не биле поврзани со крвната група. Во секој случај, сите 4 планови за исхрана се здрави и се придружени со режим на вежбање, тие можат да се претворат во здрав начин на живот и да ја подобрат вашата целокупна благосостојба.

Сподели на Facebook
пати видено