The New York Times Magazine решил да истражи за различните видови храна кои децата од разни култури ја јадат секое утро. Секоја земја си има свои карактеристични јадења кои на другите можеби ќе се чинат чудни, но интересно е да се види како децата се навикнуваат на овие видови храна. Некои родители велат дека нивнто дете не сакало да јаде определени нешта како бебе, но со текот на времето ги засакало.

Саки Сузуки, две и пол години, Токио

deca01

deca02

Јадење од ферментирана соја наречено нато, бел ориз, супа мисо, тиква кабоча варена во сос од соја и слатко саке (кабоча не нимоно), кисели краставички, омлет и лосос на скара.

Дога Гунче Гурсој, осум години, Истанбул

deca03

deca04

Мед и кајмак на препечен леб; маслини; пржени јајца со суџук; путер; тврдо варени јајца; пекмез со таан; овчјо, козјо и кравјо сирење; џем од дуња и капини; тестенини и леб; домати, краставици, бела репка и друг свеж зеленчук; лутеница; алва со вкус на лешници; млеко; сок од портокал.

Натанаил Виши Пикар, шест години, Париз

deca05

deca06

Едно киви; тартин, багет со путер и џем од капинки; снегулки со млеко; свежо исцеден сок од портокал.

Филип и Шелин Камтенго, четири години, Читеѕе, Малави

deca07

deca08

Сладок леб од пченка наречен чикондамојо, варени компири и црн чај со една или две лажици шеќер.

Коки Хајаши, четири години, Токио

deca09

deca10

Пржени зелени пиперки со сушена риба; сос од соја и сусам; живи јајца со сос од соја врз топол ориз; корења од лотус и магарешки трн и моркови со масло од сусам (кинпира); сос од соја и слатко вино од ориз наречено мирин; супа мисо; грозје; сецкана азијска круша и млеко.

Вив Бурдрез, пет години, Амстердам

deca11

deca12

Чаша млеко со леб, несолен путер и – најважно од сѐ – мрвици со различен вкус (чоколадо, ванила, овошје) и големина.

Бирта Гудрун Бринјарсдотир, три години, Рејкјавик, Исланд

deca13

deca14

Овесна каша наречена хафраграутур сервирана со кафеав шеќер, јаворов сируп, путер, кисело млеко со овошје; и лиси (рибино масло)

Арисија Доменика Фереира, четири години, и Хаким Јорге Фереира Гомез, 2 години, Сао Пауло, Бразил

deca15

deca16

Чоколадно млеко, кафе, шунка и сирење како и pão com manteiga (леб и путер)

Емили Катумба, седум години, Читеѕе, Малави

deca17

deca18

Пченкарна каша наречена фала со соја и мелени ф`стаци; ќофте од брашно, кромид, лук и чили со варени компири и тиква; и темно црвен сок од сушен хибискус и шеќер.

Ојку Озарсиан, девет години, Истанбул

deca19

deca20

Црн леб, маслини, еурокрем, сецкани домати, тврдо варени јајца, џем од јагоди, путер потопен во мед и разни видови на турско сирење.

Тиаго Буено Јанг, три години, Сао Пауло, Бразил

deca21

deca22

Чоколадно млеко, снегулки, торта од банана и биснагиња, сладок бел леб популарен кај бразилските деца, сервиран со благо крем сирење наречено рекуеијао.

Сподели на Facebook
пати видено