Хотелот „Софител“ во Бризбејн, Австралија објавил реклама во која се прикажани маж и жена кои уживаат во појадокот во кревет. Тие не се надевале дека оваа навидум безопасна реклама за малку ќе им гу уништела угледот.

Откако ја објавиле рекламата голем број на интернет корисници почнале да оставаат коментари на социјалните мрежи критикувајќи го фактот дека на рекламата жената чита списание на Шанел, а мажот весник Australian Financial Review. Луѓето сметале дека ова е „сексистичко“, затоа што индиректно се укажува дека жените читаат само „убави“ работи, а мажите се задолжени за „сериозните теми“.

Од хотелот упатиле и јавно извинување до сите кои биле „увредени“ од рекламата: „Немаше намера да се прикаже стереотип, но ние го признавме и се извинуваме за било каква навреда што ја предизвикал. Рекламата е отстранета од било каква комуникациска активност.“

Сепак имало и луѓе кои сметале дека е банално да се нарече рекламата сексистичка и застанале на страната на хотелот.

Сподели на Facebook
пати видено