Кој би помислил дека само врз основа на должината на вашите прсти можете да научите толку многу за вашата линост? На сликата гледате три различни раце означени со А, В и С. Кај секоја од нив, соодносот помеѓу домалиот, средниот прст и показалецот е различен. Погледнете ја вашата рака и откријте кој од овие три примери е најсличен на вашата рака, и според тоа, на вашиот карактер.

Here_s_What_Your_Finger_Length_Reveals_About_Your_Personality

А) Шармантна, но прагматична личност

Луѓето кај кои домалиот прст е подолг од показалецот вообичаено се шармантни, па дури и неодоливи. Тоа се луѓе кои можат да се извадат од секаква ситуација. Покрај тоа, тие се решителни и одлични во решавањето на проблеми. Вообичаено се многу сочувствителни и помеѓу луѓето од ваков тип често се среќаваат научници, инженери, војници итн.

В) Луѓе сигурни во себе, кои ја завршуваат работата како што треба

Луѓето со пократок домал прст од показалецот се полни со самодоверба и знаат како да ја завршат работата како што треба. Вообичаено ја сакаат самотијата кога треба да завршат нешто, но тоа не значи дека се интровертни. Тие секогаш имаат зацртано некоја цел и не сакаат да ги попречувате или вознемирувате во поглед на тоа. Го ценат тоа што го имаат, но често копнеат по повеќе.

С) Мирољубиви

Ова се мирољубиви луѓе кои избегнуваат судири. Луѓето со еднаква должина на домалиот прст и показалецот се добро организирани и не сакаат ништо друго, туку добро да се согласуваат со другите луѓе. Во врските тие се верни, нежни и грижливи партнери, но внимавајте: имаат огнена страна која иако ја потиснуваат во секојдневието, кога ќе се ослободи може да биде опасна. Можеби се мирољубиви, но обидете се да не ја будите нивната лоша страна.

Сподели на Facebook
пати видено