Во својата младост Имелда Маркос наликувала на Пепелашка. Оваа филипинка од обична фамилија секогаш била убава. Кога имала 18 години лесно победила на натпреварот за убавина во нејзината земја. Како во бајка Имелда била забележана од вистинскиот принц, идниот претседател Фердинанд Маркос.

Сепак нивната приказна не завршила со „си живееја среќно до крајот на животот“, туку се претворила во контроверзна биографија за жена која ја нарекувале „Челична пеперутка“ и се наведува како пример за злоупотреба на моќ.

Убавица од бајките

Имелда Ремедиос Виситасион Ромулдес е родена на 2 јули, 1929 година во скромно семејство. Таа уште од мала сакала да биде манекенка и се пријавувала на сите конкурси за убавина. Откако победила на националниот натпревар за убавина била забележана од идниот претседател Фердинанд Маркос. Тој бил толку заслепен од нејзината убавина што ја запросил 11 дена откако ја запознал.

„Нејзината љубов ме доведе до височините на успехот“, изјавил политичарот за неговата сопруга. Нивниот брак навистина изгледал среќен. Фердинанд ја гледал заљубено до неговата смрт во 1989 година. Тие имале три деца и засекогаш останале во историјата на нивната земја. Точно, тие биле запаметени како диктатори.

Челичната пеперутка

По величенствената свадба, Имелда се помалку се занимавала со својата кариера и се трудела да помогне во развој на кариерата на нејзиниот сопруг. Одела со него на митинзи, разговарала со секој кој може да помогне во промоцијата. Ентузијазмот на двојката родил со плод, а во 1965 година Фердинанд станал претседател на Филипините.

Таа не ги украсувала само фотографиите туку активно одела на дипломатски мисии и дури успеала да го убеди Гадафи да се согласи да го промовира примирјето на Филипините и исламските сепаратисти. Шармот и дипломатскиот талент на жената ја направил земјата една од најпрестижните во тие години.

Лаком диктатор

За жал, двојката брзо ги сфатила придобивките од моќта и одлучила да ја искористи својата висока позиција. Во 1972 година, Фердинанд го укинал уставот на земјата и всушност воспоставил диктаторски режим. Заедно со неговата сопруга, добиле пристап до државниот буџет.

Имелда не се ограничувала и наскоро станала шопингхолик. Таа купувала сѐ што не можела да си дозволи како дете. Таа избирала скапи брендови, луксузни предмети, дизајнерски алишта, нарачала стотици портрети од самата себе. Една од најскапите слики била верзијата на „Раѓањето на Венера“ од Ботичели со првата дама во главната улога.

Најмногу од сѐ таа сакала чевли. Таа подоцна се правдала: „Никогаш немав 3.000 чевли, купив само 1.060.“

Оваа жена сакала да го заборави сиромашното детство. Таа дури и ја забранила книгата на новинарка од Филипините која сакала да раскаже за нејзиното потекло. „Таа не сакаше да се знае вистината за нејзиното плебејско потекло. Таа создаде сосема поинаква слика … Таа блекуваше прекрасни фустани, одеше на места каде што луѓето дури и немаа основни погодности. Таа живееше фантастичен живот во сиромашна земја“, напиша авторот на „Нераскажаната приказна на Имелда Маркос“, Кармен Педроза.

Царинските документи потврдуваат дека за време на едно од нејзините патувања во Њујорк потрошила 3 милиони долари за еден ден. Таа купила слика од Микеланџело за 3,5 милиони долари, некако наредила да се врати авион што заминувал од Рим, бидејќи заборавала да купи сирење а тоалетната хартија што ја користела била направена рачно од најдобрата свила.

Жената не прифаќала не за одговор и лакомо земала пари од државната каса. За авторитаризмот и љубовта кон луксузот почнале да ја нарекуваат Челична пеперутка.

Во 1986 година, режимот на Фердинанд Маркос бил соборен. Тој бил протеран од земјата и имал едно кривично дело: поранешниот претседател и неговата сопруга биле обвинети за предизвикување финансиска штета на државата во висина од 90 милијарди долари. Имелда можела да се врати во својата татковина само во 1991 година, откако нејзиниот сопруг починал. Таму отворила музеј за чевли.

Речиси веднаш, таа одлучила да се врати во политиката, но таа успеала да ја добие својата прва сериозна позиција, како членка на Претставничкиот дом на Филипините, во 2010 година, кога имала 80 години.

Сподели на Facebook
пати видено